Меси беше непрепознатлив, без него Барселона не може да победи (Видео)

Лионел Меси одигра лоша партија фудбал на „Сантијаго Беранбеу“, што е некарактеристично за него, а кога Аргентинецот не е расположен, Барселона не може да победи.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња беше како отсутен и ги утна двете најголеми шанси на гостите во Ел Класико.

Во 38-мата минута беше сам пред Тибо Куртоа, но не успеа да реализира од позиција што за него е сигурен гол, а потоа и се посрамоти со лоша контрола на топката во 75-тата минута.

Thibaut Courtois save vs Barcelona (38′) from soccer

 

Меси беше сам со предност од неколку метри пред Марсело, но дозволи бекот на Реал да му ја избие топката од нозе во ситуација кога се очекуваше сигурен гол и израмнување.

Marcelo last ditch tackle on Messi from soccer

Со вакви утки на Меси и логичен е поразот на Барселона од 2:0 против Реал Мадрид во 180-тото издание на Ел Класико.

- Оглас -

Најнови вести