Меси беше во нокдаун, но на крај тој беше фудбалерот што го нокаутираше Хондурас (Видео)

Аргентина лесно го победи Хондурас со 3-0 во пријателска средба која се одигра во Мајами и мина во знакот на Лионел Меси.

При 1-0 за Гаучосите (првиот гол го даде Лаутаро Мартинез), Меси доби силен удар во лицето, по што сите аргентински играчи притрчаа да го бранат, ако треба и да се тепаат. Суперѕвездата немаше посериозна повреда и продолжи да игра, па даде два гола, од пенал во 45-та минута и уште еден во 69-та минута за конечни 3-0. Лобот за 3-0 беше вистинска мајсторија.

Аргентина на 28-ми септември во Њу Џерси ќе игра со Јамајка, и тоа ќе биде прилика да дојдат на два меча од светскиот рекорд од 37 меча по ред без пораз. За Меси ова беше 99-та победа во националниот тим.

Ова е инцидентот по ударот врз Меси:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести