23.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Меси безуспешно чекал на ред за слободни удари во Ла Масија

Лионел Меси бил дури трет избор за изведување слободни удари во младиснките категории во Барселона, а како што вели Рожер Жирибе, речиси никогаш и не добивал шанса во Академијата на Каталонците да ги изведува прекините.

„Во Ла Масија имаше двајца подобри изведувачи на слободни удари од него. Прв избор беше Виктор Васкес, а потоа и левоногиот Хуанчо Клауси. Меси речиси никогаш или многу ретко доаѓаше на ред да ги изведува прекините“, вели Жирибе.

Оттогаш до денеска има огромна разлика, а Меси стана еден од најопасните и најпрецизни изведувачи на слободни удари на планетата, со дузина брилијантни голови од прекин.

Но, каде се Васкес и Клауси сега? Виктор одигра само 3 меча зa тимот A на Барселона, а потоа во 2011 година заминa во белгиски Бриж. Играше и во Торонто и за мексикански Круз Азул, а сега игра за Ум Салам во Катар.

Клауси мина уште полошо и не одигра ниту еден меч за Барселона, а потоа играше за клубови од пониските лиги во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести