15.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Меси блесна на мечот од МЛС лигата кој мина во знакот на Жорди Алба (Видео)

Интер Мајами со 4-0 славеше против Атланта јунајтед, а овој меч од МЛС лигата мина во знакот на давање благодарност кон Жорди Алба кој најави пензионирање по завршувањето на сезонава.

Лионел Меси со два гола и асистенција која во гол ја претвори Алба, беше човек на натпреварот. Аргентинецот е прв стрелец во лигата со 26 погодоци, а при едниот од двата гола, асистенцијата беше од неговиот пријател Алба. Убав гол даде и Луис Суарез.

- Оглас -

Најнови вести