Меси буквално го треснаа од земја, но дури тогаш Аргентинецот се налути и не можеа да го сопрат (Видео)

Во изминативе 15-тина години сме виделе како дефанзивците на најразлични начини се обидуваат да го сопрат Лионел Меси и засега не е најден „лекот“ за Аргентинецот. Барселона синоќа на „Камп ноу“ со 2:0 го победи Леганес, а повторно во центарот на вниманието беа продорите кои ги прави капитенот на Каталонците.

Играчите на Леганес на секаков начин се обидоа да го сопрат Меси, а најголема мака виде капитенот на Леганес, Унаи Бустинца. По еден продор на Меси, противничкиот капитен никако не успеа да го сопре Аргентинецот, па на крајот се реши за еден рагби-зафат и буквално го тресна Лео на земја.

Дури и ваквиот начин да се сопре, не го премисли Меси да продолжи со шоуто, па во 67-мата минута видовме негов нов соло пробив, кога гостинските играчи ни со раце не успеаја да го сопрат да претрча 30-тина метри, а беше фаулиран дури кога влезе во шеснаесетникот, па судијата досуди пенал, што секако го реализира капитенот на Барселона.

 

https://streamable.com/4xl48p

 

- Оглас -

Најнови вести