Лионел Меси по пауза од 10 години, успеа против Атлетико Мадрид да даде гол со шут со неговата послаба десна нога. Претходните 20 погодоци на Лео против Атлетико беа со лева нога, па затоа вечерва во Џеда кога изедначи на 1-1 многу му се израдува на голот. Потоа тој уште еднаш го совлада Јан Облак, но голот беше поништен.
Сепак, Барса води со 2-1, а гол даде и Антоан Гриезман, кој летоска дојде од редовите на Јорганџиите од Мадрид во Барса. Облак на 15 меча против Барселона само еднаш не прими гол. Водечкиот гол за Атлетико го постигна Коке само по 18 секунди игра во второто полувреме, а Коке влезе во игра токму на полувремето, што значи му требаа само 18 секунди на теренот за да даде гол.
Ова е голот на Меси со шут со десна нога:
El GOLAZO de Leo Messi. ¡BRUTAL!#messi #barcaatleti #SuperCopaEspana
— Miquel Blázquez (@BlazquezFont) January 9, 2020