Меси да не остане покусо од Роналдо: И Аргентинецот најави дека ќе игра на Мундијалот во 2026 година

Лионел Меси го оствари главниот фудбалски сон откако на Светското првенство во Катар ја одведе Аргентина до мундијалскиот трон. Гаучосите го освоија златото на планетарниот собир и многумина очекуваа тоа за Меси да биде последен настап на СП.

Сепак, очигледно е дека 36-годишниот аргентински виртуоз не сака така лесно да се откаже од националниот дрес. Меси кој моментално е со репрезентативни обврски за настапот на Копа Америка, најави дека планот му е да игра и на Мундијалот кој во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

„Сега живееме во САД, а тука ќе се игра следното Светско првенство. Синот Тијаго постојано ми вели дека сака да ме види како играм и на следното Светско првенство, па доколу се чувствувам добро, сигурно ќе играм“, рече Меси.

Интересно е дека оваа изјава на Меси доаѓа само неколку часа откако проструи информацијата дека Кристијано Роналдо се подготвува за настап на СП 2026 година со Португалија. Тоа значи дека фудбалерите кои го одбележаа светскиот фудбал во последните 20 години едноставно го продолжуваат своето шоу.

- Оглас -

Најнови вести