Чиле повторно се покажа како многу незгоден ривал на Аргентина и одигра 1:1 во првото коло од Копа Америка. Гаучосите дојдоа во водство со евроголот на Лионел Меси во првото полувреме. Капитенот на Аргентина погоди од слободен удар со шут од над 20 метри.
За Меси ова беше 57-ми гол од слободен удар во кариерата и сега го надмина Роналдо, кој има 56 погодоци од вакви позиции.
https://twitter.com/i/status/1404554928857649152
Голот на Меси не беше доволен за победа на Аргентина затоа што Чиле во 57-мата минута доби пенал што го шутираше Видал, кој промаши, но одбиената топка дојде до Варгас, кој сепак успеа да ја затресе мрежата на противникот.
Во вториот дуел, Парагвај со пресврт во второто полувреме ја победи Боливија со 3:1. Боливија имаше предност од 1:0, но во последните моменти од првиот дел остана со играч помалку по исклучувањето на Куелјар. Предноста од фудбалер повеќе ја искористи Парагвај и со три погодоци во вториот дел направи пресврт, освојувајќи ги трите бода.