Интер Мајами, предводен од Хавиер Маскерано, и со ѕвездени имиња како Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба во составот, претрпе тежок пораз со 1-4 од Минесота јунајтед во МЛС лигата.
Минесота поведе со 2-0 во првото полувреме благодарение на головите на Бонгокуле Хлонгване и Антони Марканич. Интер накратко се врати во мечот со голот на Меси веднаш по полувремето, по асистенција од Алба. Но, автоголот на Марсело Вајганд и голот на финскиот репрезентативец Робин Лод го запечатија поразот на Интер Мајами.
По ова коло, Интер Маями е четвртопласиран на Истокот со 21 бод, додека Минесота се искачи на петтото место на Западот со 22 бодови.