Барселона уште еднаш ја покажа својата моќ откако убедливо, со 6-1 ја победи Севилја, во реванш-мечот од четврт-финалето на Купот на Шпанија. Каталонскиот гигант беше во негатива од 2-0 по првиот меч, но на „Камп ноу“ едноставно нема разлика која Барселона не може да ја достигне.
Уште на полувремето беше 2-0 за домаќините, а во вториот дел Севилја беше дотолчена. Како шлаг на одличната игра на Барселона, беше голот кој во последната минута го постигна Лионел Меси. Домаќините направија една контра, а потоа кога требаше да се реализира, Меси само рутински ја заврши работата со акција која беше како од фудбалските учебници.