Меси даде гол на пријателски меч за Интер Мајами, но целиот свет зборува за неговата прослава (Видео+Фото)

Интер Мајами со победа на пенали над мексикански Клуб Америка ги започна подготовките за новата сезона во МЛС лигата. Мечот во регуларното време заврши 2-2, па во договор на двете екипи се изведуваа пенали, а поуспешни беа фудбалерите на Интер Мајами со 3-2.

Лионел Меси го постигна голот за израмнување на 1-1 во 34-тата минута, па се одлучи да прослави пред противничките навивачи покажувајќи на неговото презиме, а потоа и три прста, но и нула. Ова беше протолкувано како три титули светски шампион за Аргентина, а нула за Мексико, со оглед на тоа дека навивачите на Клуб Америка во текот на целиот натпревар го навредувале на национална основа.

- Оглас -

Најнови вести