Меси даде гол, но еден друг момент покажа колку е незадржлив

Пари Сен Жермен се врати на чело на табелата во француското првенство, откако минимално со 1:0 победи на гости во дербито кај Олимпик Лион. Лионел Меси уште во петата минута даде гол за радост на гостите, а тој погодок се покажа како доволен за три бода на ПСЖ.

Освен погодокот, Меси на овој меч постави и еден редок јубилеј. Според педантните статистичари, Аргентинецот стигна до 1.000 успешни дриблизи во мечеви од Топ 5 лигите и тоа од стартот на сезоната 2015/16 до сега.

Сите останати играчи кои играат во најсилните лиги се далеку од ова остварување на Меси.

- Оглас -

Најнови вести