20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Меси даде одговор на прашањето кое сите го поставуваа

Лионел Меси со трофејот во своите раце се радуваше на титулата на Светското првенство во Катар. Пет светски првенства и дури 26 рекордни меча му беа потребни на Меси да стигне до остварување на сонот – да стане светски првак.

На Меси тоа му успеа на 35 години и многумина се прашуваа дали ова беше и последен меч за Лео во аргентинскиот дрес.

„Не, нема да се простам од репрезентативниот дрес. Сакам да продолжам да играм за Аргентина и како светски првак. Чувството е неверојатно. Знаев дека Господ ќе ми го подари трофејот, бев сигурен. Ова е голема среќа за сите нас. Долго време го сонував овој голем сон. Не може да барам ништо повеќе од ова“, рече Меси по победата во финалето на Мундијалот во Катар.

Во финалето, Меси постигна два гола и стигна до 13 погодоци на Светските првенства, со што е најефикасен аргентински фудбалер на сите времиња.

 

- Оглас -

Најнови вести