Меси дал дозвола Валверде да добие отказ

Барселона во следната сезона најверојатно ќе има нов тренер. Според најавите од Шпанија, капитенот на каталонскиот гигант, Лионел Меси, дал „зелено светло“ да се даде отказ на тренерот Ернесто Валверде. Главна причина за најавениот отказ се двете неверојатни елиминиации во Лигата на шампионите во последните две сезони. Барселона лани не успеа да задржи предност од 4:1 против Рома и загуби со 3:0, а сезонава не ја сочуваа ни предноста од 3:0 против Ливерпул, кога загубија со 4:0 на „Енфилд роуд“.

На вчерашниот меч против Хетафе, Меси беше најзаслужен за вториот погодок во победата од 2:0, но Аргентинецот делуваше многу незаинтересирано, дури не сакаше ниту да се израдува. Едноставно, Меси е разочаран бидејќи во една добра сезона, повторно поради еден очаен меч, Барселона остана без трофејот во Лигата на шампионите.

Веќе се шпекулира дека Меси има и нов тренер за клупата на „Камп ноу“. Се работи за Роналд Куман, кој од минатата година е селектор на Холандија. Како тренер, Куман има работено во Евертон, Саутхемптон, Феенорд, АЗ Алкмар, Валенсија, ПСВ Ајндховен, Бенфика, Ајакс и Витесе.

- Оглас -

Најнови вести