Меси делеше магични асистенции, Мбапе погодуваше и го стигна рекордот на Ибрахимовиќ (Видео)

Пари Сен Жермен се врати на победите во домашното првенство откако на „Паркот на принцовите“ со 3:1 го победи Сент Етјен, во меч од 26. коло. Мечот не започна добро за домаќините, затоа што Сент Етјен прв погоди и тоа преку Буанга во 16 минута.

Пред крајот на првото полувреме, Лионел Меси одлично асистираше за Килијан Мбапе кој не пропушти да израмни на 1:1.

На почетокот на второто полувреме повторно фантастична соработка меѓу Меси и Мбапе. Аргентинецот направи одличен продор, додаде, а Мбапе во полн трк реализираше за 2:1. Ова беше 156-ти погодок за Мбапе во дресот на ПСЖ со што го стигна Златан Ибрахимовиќ на второто место на вечната листа на стрелци во клубот.

До крајот на мечот, Мбапе имаше и асистенција. По негов центаршут Данило со глава ги постави конечните 3:1.

- Оглас -

Најнови вести