Меси дели лекции во САД, два гола и две асистенции во еден меч (Видео)

Иако има 37 години, Лионел Меси уште е незадржлив и страв и трепет за противничките одбрани. Меси го предводеше Интер Мајами во убедлива победа од 5:1 против Колумбус Кру, во дуел од МЛС шампионатот.

Меси беше вистински предводник на теренот и во првите 24 минути постигна два гола, а имаше и една асистенција. Во второто полувреме, гол за Интер Мајами постигна и Луис Суарес, а во финишот од средбата Меси имаше уште една асистенцја за убедлива победа од 5:1.

Во последните три меча, Меси постигна пет голови за Интер Мајами. Легендарниот Аргентинец директно учестуввал во постигнување на 74 голови во 57 меча за Интер Мајами. Тој има 49 голови и 25 асистенции, а има освоено и два трофеи.

Со 31 голови, Меси е рекордер по бројот на постигнати погодоци во МЛС во дресот на Интер Мајами, надминувајќи го Гонзало Игуаин.

 

- Оглас -

Најнови вести