23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Меси денеска прославува 35-ти роденден, а на ПСЖ за една година му донесе 700 милиони евра

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, денеска го прославува својот 35-ти роденден, а од неговиот клуб Пари Сен Жермен се пофалија дека за една сезона, колку што го имаат Аргентинецот во своите редови, заработиле дури 700 милиони евра.

Можеби ПСЖ не ја оствари главната спортска цел, освојувањето на Лигата на шампионите, но финансиски поминаа одлично со купувањето на Меси. Ова е рекорден приход за ПСЖ за една сезона во нивното постоење.

Доведувањето на Меси значеше зголемена продажба на дресови, привлекување на десетина нови спонзори, поскапи билети за мечевите на „Паркот на принцовите“ и многу нови следбеници на социјалните мрежи. Продадени се над 1 милион дресови на ПСЖ, од кои 600.000 биле со 30-ката на грбот која ја носи Меси.

- Оглас -

Најнови вести