19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Меси доби „конкретна понуда“ од – најслабиот тим на светот!

Најлошиот тим на светот кој влезе во книгата на Гинисови рекорди откако 3 години и 11 месеци немаше победа, бразилски Ибис, испрати „конкретна понуда“ до Лионел Меси, кој е слободен играч и може да преговара со сите кои се заинтересирани за него.

Откако богатите Манчестер сити и ПСЖ се „оладија“ и не им се даваат многу пари за плата за Меси, најверојатно Лео ќе остане во Барселона, но додека не потпише, и други клубови имаат право да се надеваат дека ќе го ангажираат.

Првата понуда за Меси која не е од Барселона, дојде од бразилскиот Ибис спорт клуб, кој се натпреварува во Серија А2 во шампионатот на сојузната држава Пернамбукано. Ибис е клуб кој на негативен начин влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако речиси четири години немаше извојувано ниту една победа.

Во документот што го објави Ибис, на Меси му се предлага договор на 15 години. Платата би му била базирана на голгетерската продуктивност, но во понудата стои и дека тој не би можел да го носи дресот со бројот 10 и не би смеел да освои титула со Ибис. Во договорот има и клаузула според која Меси мора пред огледало да се заколне дека Пеле е подобар од Марадона.

Од Ибис се јавија со понуда и до Германецот Томас Милер по неговото промашување на големата шанса против Англија. По смешната понуда до Меси, ако ништо друго, Ибис стана популарен и доби десетици илјади нови лајкови на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести