Меси доби негативен тест и веднаш ги спакува куферите (Фото)

Лионел Меси бил негативен на последното тестирање на корона-вирусот, вест на која најмногу се израдува тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино. Откако го добил негативниот тест, на Меси му било дозволено да ја напушти изолацијата, па тој веднаш се подготвил за пат од родниот Росарио кон Париз.

Рано утрово Меси е забележан на аеродромот и се очекува во текот на денешниот ден да пристигне во Париз. Доколку и на повторениот тест Меси биде негативен, може да се случи Аргентинецот да му биде на располагање на Покетино за дуелот против Лион.

Големото дерби во францускиот фудбал ќе се игра в недела, а Лион е домаќин. Останува деновиве да видиме дали Меси ќе биде дел од тренинзите на ПСЖ и дали ќе биде подготвен за настап на следниот меч на Светците.

- Оглас -

Најнови вести