По седми пат во својата кариера, а рекорд во Ла Лига, Лионел Меси ја доби наградата „Пичичи“ за најдобар стрелец во првенството во сезоната 2019/20.
Во сезоната која Меси ќе сака што побрзо да ја заборави порад тоа што Барса остана без титулата во Шпанија и претрпе дебакл на европската сцена, капитенот на Каталонците реализира 25 погодоци и 21 асистенција, па сосема заслужено повторно е прогласен за најдобар стрелец.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1341084874036420610
Зинедин Зидан и Хулен Лопетеги се тренерите кои ја делат наградата „Мигел Муњос“, која во Шпанија се доделува за најдобриот тренер од минатата сезона. Предводниците на Реал Мадрид и Севилја го добија признанието за остварениот успех во сезоната 2019/20.
Вторпат се случува оваа награда да се додели на двајца тренери во една сезона, во сезоната 2016/17 ја делеа Хосе Луис Мендилибар од Еибар и Асиер Гаритано од Леганес.
Зидан ги одведе Кралевите до рекордната 34-та титула во Ла Лига, откако по паузата од пандемијата со корона-вирусот, Реал забележа 10 победи и реми во преостанатите натпревари и славеше во трката со Барселона за шампионската титула.
Лопетеги, пак, со Севилја ја освои Лигата на Европа, додека во шпанското првенство Севилја заврши на четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампионите.