Лионел Меси и официјално беше преставен во новиот клуб Интер Мајами, а навивачите на оваа екипа му дадоа топло добредојде на најголемата ѕвезда која ќе биде дел од американскиот фудбал во следните три години.
Изненадувачки беше фактот дека Меси реши да си замине од Пари Сен Жермен за да направи трансфер во Интер Мајами, клуб кој е на последното место во Источната конференција во МЛС, но Аргентинецот рече дека е време за нов предизвик.
На стадионот „ДРВ ПНК Стадион“ капацитетот е 18.000 гледачи, па немаше можност повеќе луѓе да бидат дел од оваа промоција.
Меси заедно со своите деца се појави на промоцијата и го доби дресот со бројот 10 кој е негов заштитен знак.