Меси добива друштво, еден од капитените на Барселона е пред трансфер во Интер Мајами

Тековната сезона за Интер Мајами наскоро завршува, а веќе се кројат плановите за следната која започнува во февруари. После Алба и Бускетс, уште еден фудбалер на Барселона е многу блиску да му се придружи на Леионел Меси во Интер Мајами.

Се работи за еден од капитените на “каталонскиот“ гигант, Серхи Роберто. Неговиот договор со Барселона истекува следното лето, а тој не крие дека сака кариерата да ја продолжи во МЛС лигата.

– “Ми се допаѓа САД. Ја сакам МЛС лигата, имам пријатели кои играат таму. Би сакал таму да се развивам во следните години.“ – рече Серхи Роберто за Марка.

Десниот бек во 2010-тата дебитираше за првата екипа на Барселона и целата своја кариера ја мина на “Ноу Камп“. За репрезентацијата на Шпанија има одиграно 11 натпревари, а има и шест меча за репрезентацијата на Каталонија.

- Оглас -

Најнови вести