Меси догодина би се вратил во Барса само ако Пике веќе не е таму!

Шпанскиот новинар Марк Марба, кој има блиски врски со фудбалскиот клуб Барселона, тврди дека има шанса Лионел Меси да се врати во Барса следното лето, но како еден од условите за враќање го поставил заминувањето на Жарарт Пике.

Меси има договор со Пари Сен Жермен до јуни 2023 година и наводно отворен е за враќање во клубот чиј е прв стрелец. Пике исто така е легенда на Барселона, кажува дека по завршување на играчката кариера, сака да биде претседател на клубот.

Но, нивниот однос во последната сезона на Меси во Барса бил многу заладен, наводно не ни зборувале еден со друг, а и Пике имал придонес во одлуката на Барса лани да се ослободи од Аргентинецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести