Меси дојде само на еден натпревар од историја, Аргентина ја реши Хрватска и ќе игра во неделното финале

Репрезентацијата на Аргентина е првиот финалист на Светското првенство што се одржува во Катар откако во полуфиналето со 3:0 ја совлада.
Ова е шесто финале за Гаучосите, досега имаат две победи (1978 и 1986) и три порази (1930, 1990 и 2014).
Неделното финале ќе биде последна шанса на Лионел Меси да ја освои титулата и да го зацементира статусот на еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Хрватска пак не успеа да го повтори успехот од претходното Светско првенство, кога загуби во финалето.

Аргентинците победата ја најавија со блицкригот во финишот од првото полувреме, кога постигнаа два гола, а во главните улоги беа Меси и неговиот наследник Хулијан Алварес.

Во 34-тата минута, Алварес во шеснаесетникот на Хрватска беше фаулиран од голманот Доминик Ливаковиќ, по што Меси од белата точка го отвори резултатот.

Пет минути подоцна, токму Алварес го постигна вториот гол. Напаѓачот на Манчестер сити доби топка во својата половина и со одличен трк влезе во шеснаесетникот на Хрватска, каде што помина неколку играчи и потоа го матира Ливаковиќ. Победата ја завери Алварес со голот во 69-тата минута, и тоа по асистенцијата на Меси.

Аргентина в недела ќе игра во финалето на СП во Катар против подобриот од второто полуфинале меѓу Франција и Мароко кое ќе се игра утревечер.

- Оглас -

Најнови вести