19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Меси е блиску до продолжување на договорот со Интер Мајами

Лионел Меси е блиску до продолжување на договорот со клубот, објави добро информираниот Саша Таволиери.

Ал-Ахли од Саудиска Арабија силно притиска за услугите на 38-годишниот Аргентинец, а актуелниот договор на осумкратниот освојувач на „Златната топка“ со Интер Мајами истекува во декември годинава.

На 64 натпревари за американскиот клуб, Меси постигна 52 гола и имаше 25 асистенции.

Меси игра за Интер Мајами од летото 2023 година, а ако ја одбие пребогатата понуда на Саудијците, тоа ќе биде од две причини: одлука во договор со семејството (пријатно се чувствуваат во Мајами каде речиси сите зборуваат шпански) и најавата дека тимот од Мајами сериозно ќе се засили, прва принова е репрезентативниот колега на Меси, Родриго Де Пол кој доаѓа од Атлетико Мадрид. 

- Оглас -

Најнови вести