Меси е добитник на Златната топка, нанижа шестка во колекцијата

Лионел Меси ја доби шесттата Златна топка во кариерата, отккао вечерва беше прогласен за најдобар фудбалер во 2019 година.

Во организација на Франс фудбал, Аргентинецот е најдобар на светот и по шестти пат го доби големото признание.

Зад Меси втор на листата е Вирџил Ван Дајк, а по нив е Кристијано Роналдо, кој воопшто не присуствуваше на церемонијата.

Меси претходно го добиваше истото признание во 2009, 2010, 2011, 2012 и во 2015 година.

 

- Оглас -

Најнови вести