Меси е држава во држава – Му помагаат две големи легенди за Аргентина да биде на врвот (Фото)

Лионел Меси од вчера е рекордер по бројот на Златни топки од „Франс фудбал“, ги има 7 и сам без ничија помош би бил на делба на првото место во конкуренција на останатите фудбалски велесили.

Аргентина благодарение на волшебникот во фудбалската игра е рангирана на првото место на вечната листа со најмногу освојувачи на престижното признание и има вкупно 10 Златни топки.

Покрај седумтте на Меси, две има и легендата Aлфредо ди Стефано и една му припадна на Омар Сивори.

На делба на второто место се Германија, Португалија и Холандија со по 7 Златни топки, колку што сам има Меси, а во Топ-5 е и Франција со вкупно 6 Балон Д`Ор признанија.

Други земји од кои фудбалери кои добивале Златна топка се и Бразил и Англија со по пет, Италија со четири, поранешниот СССР три и Шпанија една.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести