Меси е феномен, со 700-тиот гол во клупската кариера ја зачини победата на ПСЖ над Марсеј (Видео)

ПСЖ во големото француско дерби против Олимпик Марсеј покажа кој е кој во францускиот фудбал, а победата на Светците ја одбележа Лионел Меси.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1629938616045563910?s=20

ПСЖ славеше со 0:3 на „Велодром“ против Олимпик Марсеј, а Меси го постигна 700-тиот гол во клупската кариера.

https://twitter.com/i/status/1629941953809850369

Јубилејниот гол, Меси го постигна во 29-та минута кога го удвои водството на неговиот тим. Првиот и третиот гол за Светците ги постигна Килијан Мбапе и тоа по додавањата токму од Меси.

Со победата над големиот ривал, ПСЖ ја зголеми предноста на табелата, сега има 60 бода, осум повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј.

- Оглас -

Најнови вести