15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Меси е како НХЛ ѕвезда – Рекордот од пред 10 години со уникатна 104-ка е недостижен за сите (Фото)

Лионел Меси е единствениот фудбалер на светот во овој милениум што имал учинок од над 100 поени кога ќе се соберат поените и асистенциите и на клупски и на репрезентативен план.

Учинокот од 104 поени од пред 10 години, односно ефект на Меси во дресот на Барселона и на Аргентина во 2012 година изгледа спектакуларно, а ниту еден друг фудбалер не успеал од 2000 година досега да му се доближи.

Лео е и број два во последните две декади со 88 поени во 2015 година, а зад него е Луис Суарес со 81 поен во 2016 година.

Бројот на голови и на асистенции стандардно се прикажуваат во најсилната хокејска лига на светот, познатата НХЛ.

Како изгледа табелата и листата со најдобри фудбалски стрелци и асистенти во вкупен збир во последните 20 години е прикажано на фотографијата.

Most Goals + Assists by a player since 2001 from soccer

- Оглас -

Најнови вести