Меси е класа, му отстапи на соиграчот да шутира пенал (Видео)

Лео Меси стигна до пет погодоци на три натпревари во дресот на Интер Мајами, но уште еднаш покажа дека во САД не е дојден за да ја преземе целата слава врз себе.

Најдобар доказ за тоа е пеналот за Интер Мајами во 51-вата минута на резултат 1-1, кога сите очекуваа дека Аргентинецот ќе биде тој што ќе шутира, но топката му ја отстапи на Венецуелецот Хосеф Мартинес, кој беше прецизен за водство од 2-1.

Мартинес дојде во Мајами зимоска од екипата на Атланта како најдобар стрелец и голема ѕвезда и веројатно се чувствуваше како најзапоставен фудбалер по доаѓањето на Лео Меси бидејќи сите аплаузи во нападот беа за најдобриот светски фудбалер. Сепак, Меси синоќа му отстапи дел од славата и му дозволи да го шутира пеналот.

https://twitter.com/InterMiamiCF/status/1686933232162324481?s=20

- Оглас -

Најнови вести