Меси е компјутер, со светска асистенција го послужи Молина за водство на Аргентина (Видео)

Лионел Меси е огромен адут за трета светска круна на Аргентина, а и вечерва повторно потврди дека е решен конечно и тој да ја крене Златната божица.

Против Холандија мудро диригираше со аргентинскиот состав, а асистенцијата во 35. минута до Нахуел Молина му беше светска.

Буквално со компјутерски потег и прецизен пас го исфрли соиграчот сам пред голманот Ноперт, кој беше немоќен и Молина благодарение на Меси и донесе предност од 1:0 на Аргентина, резултат кој е актуелен по првото полувреме.

Победникот од второто четвртфинале што е во тек ќе игра против Хрватска, а засега Аргентина е поблиску, бидејќи води со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести