18.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Меси е најдобар фудбалер на сите времиња – Марадона е зад него, во Топ-10 има место за португалскиот и бразилскиот Роналдо

Магазинот „Four-Four-Two“ направи избор од најдобрите 100 фудбалери на сите времиња и листата ја предбоди Лионел Меси, како број 1 во историјата на најважната споредна работа на светот.

Зад него е сонародникот Диего Армандо Марадона, што значи еден-два победа на Аргентина, а трет е Португалецот Кристијано Роналдо.

„Едно е да дојдете до врвот, а сосема нешто друго е таму да се задржите толку долго. Меси е врвен играч и е константно одличен веќе 15-на години. Лео е три во едно, феноменален играч, стрелец и асистент“, стои во објаснувањето на новинарите на „Four-Four-Two“ за изборот на Меси за најдобар фудбалер на сите времиња.

На четвртото место е рангиран Пеле, а Топ-5 го затвара Зинедин Зидан. Во следната петка се Јохан Кројф, Џорџ Бест, Франц Бекенбауер, Ференц Пушкаш и бразилскиот Роналдо.

На Топ-100 листата нема македонски фудбалери, а од просторите на поранешна Југославија рангиран е само Лука Модриќ и тоа на 79-то место.

 

- Оглас -

Најнови вести