Меси е најдобар во историјата, а Роналдо не е ниту во топ 3

Лионел Меси е официјално прогласен за најголем фудбалер на сите времиња од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Неговиот вечен ривал, Кристијано Роналдо, се најде дури на четвртото место на оваа престижна листа.

Дебатата за тоа кој е најголемиот фудбалер во историјата трае со децении, но во модерната ера главната дискусија се води околу Меси и Роналдо, кои заедно имаат освоено вкупно 13 „Златни топки“.

Аргентинецот Меси е најтрофејниот фудбалер во историјата со 46 големи трофеи, вклучувајќи ја и титулата светски шампион од Светското првенство 2022 година, што дефинитивно го потврди неговиот статус како фудбалска легенда. Според ИФФХС, токму ова достигнување го поставува над сите останати фудбалери во историјата на спортот.

За разлика од него, Роналдо, кого многумина го сметаат за најдобар голгетер на сите времиња, не успеа да влезе во топ 3. Второто место му припадна на бразилската икона Пеле, а трет е аргентинскиот маестро Диего Марадона. Роналдо е на четвртата поизиција на ова рангирање, а топ 5 листата ја заокружува легендарниот Холанѓанец, Јохан Кројф.

Останати фудбалери во топ 10, според ИФФХС, се: Роналдо Назарио (Бразил), Зинедин Зидан (Франција), Франц Бекенбауер (Германија), Алфредо Ди Стефано (Аргентина/Шпанија), Роналдињо (Бразил).

- Оглас -

Најнови вести