Меси е неверојатен, во Катар собори дури 12 рекорди на Светските првенства

Фудбалската репрезентација на Аргентина во неделата по третпат стана Светски шампион откако во финалето беше подобра од Франција по подоброто изведување на пеналите, а Лионел Меси го зацементира статусот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња рамо до рамо со Диего Марадона и Пеле.

Меси во Аргентина освен со Златната божица, се врати и со уште еден трофеј, тој што е наменет за најдобриот играч на СП, а во неговиот поход кон толку посакуваната титула собори дури 12 мундијалски рекорди.

1. Најмногу настапи – 26.
2. Најмногу асистенции -9.
3. Стана единствен фудбалер што постигнал барем еден гол во секоја фаза од Светското првенство откако се игра со 32 репрезентации.
4. Најмногу одиграни минути – 2314.
5. Единствен фудбалер во историјата што имал барем една асистенција на секое Светско првенство на коешто учествувал.
6. Единствен Аргентинец кој постигнал гол на четири различни светски првенства.
7. Фудбалер кој најмногу пати ја носел капитенската лента – 18.
8. Заслужен е за најмногу постигнати голови – 22 (13 гола и 9 асистенции).
9. Стана најмлад фудбалер кој играл на пет светски првенства до 35 години.
10. Најмногу награди за играч на натпреварот – 11.
11. Најдолго време од првиот и последниот гол – Првиот го постигна во 2006 година, а последниот во финалето во Катар 2022 година.
12. Најстарт фудбалер кој постигнал гол и имал асистенција на исто Светско првенство – 35 години, 5 месеци и 19 дена.

- Оглас -

Најнови вести