Меси е незадржлив, руши нови рекорди во МЛС во САД

Интер Мајами останува на првото место во Источната конференција во МЛС шампионатот, откако утрово убедливо со 4:1 победи на гости кај Њу Ингланд. Домаќините дадоа гол уште во првата минута, но потоа следуваше шоу на Лионел Меси.

Аргентинскиот виртуоз постигна два гола за пресврт и водство на Интер од 2:1, а потоа асистираше и учествуваше во акциите на следните два погодоци за убедлив триумф на гостите. Со тоа Меси стана првиот фудбалер кој на пет средби по ред има двоен учинок кога се работи за постигнување голови или асистенции

На овој меч Меси постави рекорд и како прв играч во историјата на МЛС што успеал во првите седум средби кои ги одиграл во сезоната да учествува и дирелтно влијае за постигнување на дури 16 погодоци.

Досега овој рекорд го држеа Тјери Анри и Карлос Вела кои директно учествувале во постигнување на по 13 голови во првите седум дуели што ги играле во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести