Интер Мајами со 3:2 славеше над ДЦ Јунајтед во меч на кој во главна улога беше Лионел Меси. Аргентинскиот виртуоз постигна два гола и е најзаслужен за победата на Интер Мајами.
Домаќините поведоа со голот на Аленде, а Бентеке во 53 минута израмни на 1:1. Потоа на сцена стапи Меси. Во 66 минута Аргентинецот погоди за 2:1.
Jordi ➡️ Messi ✨ pic.twitter.com/xdO59OMvxo
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 21, 2025
Интересно е дека потоа Лео реши да не шутира пенал, туку му остави на 19-годишниот сонародник Силвети да го изведе ударот од белата точка, но тинејџерот ја погоди пречката. Тоа беше во 72 минута. Меси мораше сам да ги реши сите дилеми, па со неговиот втор погодок зголеми на 3:1 во 85 минута. Вториот гол на Меси беше ремек дело со шут надвор од шеснаесетникот.
Во последните моменти од мечот, во 90+7 минута, гостите намалија на 3:2.
🐐😮💨 pic.twitter.com/NsjL80K6Wu
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 21, 2025
За Меси ова беше шести натпревар сезонава да постигнува два гола. Претходно по два гола даваше и против Монтреал, Њу Ингланд, Нешвил, Њујорк Редбул и Орландо.
Вкупно во кариерата Меси има постигнато два гола на 173 меча. Најмногу по два гола давал во дресот на Барселона, на 137 средби, потоа како играч на Интер Мајами на 17 меча, во дресот на аргентинската репрезентација на 14 дуели и пет меча со два гола додека настапуваше за ПСЖ.
Вкупно во кариерата Меси сега има 882 голови и е на 18 погодоци од бројката 900 погодоци во кариерата. Има и 391 асистенција, што значи дека може да стигне и до 400 асистенции во кариерата.