5.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Меси е подготвен, аргентинскиот виртуоз ја започнува 23-тата сезона во кариерата

Пред крајот на 2025 година, Лионел Меси оствари уште една мисија, откако со тимот на Интер Мајами ја освои шампионската титула во МЛС првенството во САД. Сега, Меси и другарите имаат голем предизвик, а тоа е да го одбранат тронот.

Аргентинецот кој летово ќе наполни 39 години е подготовен и за овој предизвик кој започнува ноќеска. Во првото коло од новата сезона во МЛС, Меси со Интер Мајами ќе гостуваат кај Лос Анџелес. За Меси ова ќе биде 23-та сезона во професионалниот фудбал, а дека уште е на врвно ниво потврдува и фактот дека беше избран за МВП на сезоната, а беше и најдобар стрелец.

Едноставно, тој е подготвен за нова сезона, за нови возбудувања и за рушење на многу нови рекорди. Во новата сезона се очекува Меси да ја достигне и границата од 900 погодоци во кариерата. Тој засега има постигнато точно 896 голови.

- Оглас -

Најнови вести