37.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Меси е подобар од цел Реал Мадрид

Лионел Меси уште е во центарот на вниманието благодарение на феноменалната игра на дуелот против Бетис. Аргентинецот постигна хет-трик во победата од 4-1, а сите три погодоци беа вистинска уметност. Посебно се збориува за третиот погодок, кога Меси на неверојатен начин успеа да ја погоди мрежата на Бетис. По тој погодок, многумина играчи на двата тима во неверување се фаќаа за главите, а целиот стадион на којшто беа навивачите на Бетис, му аплаудираше на противникот.

Сепак, тој не беше единствен за кого се зборува на дуелот против Бетис. Првиот погодок кој Лео го постигна од слободен удар беше прекрасен. Тој гол беше доволен и за еден неверојатен податок. Од почетокот на сезоната 2011/12 до денеска, Меси има постигнато вкупно 25 голови директно од слободен удар за Барселона, додека во овој период Реал Мадрид има дадено вкупно 24 голови директно од прекин.

Да не биде дека споредбата е само со Реал Мадрид, Меси во овој период од осум години е на второто место во топ 5 лигите. Единствено целиот тим на Јувентус има дадено повеќе голови директно од слободен удар. „Старата дама“ има вкупно 29 погодоци.

Зад Меси се сите останати екипи во топ 5 лигите, а еве ја и топ 5 листата.

https://twitter.com/ElevenSports_UK/status/1107390556433498112

- Оглас -

Најнови вести