Меси е сигурен: Не згрешив што дојдов во Пари Сен Жермен

Лионел Меси воопшто не се кае што ја напушти Барселона и се пресели во Пари Сен Жермен. Во интервју за „Франс фудбал“, од кое е објавен само мал дел, а треба да излезе во сабота, Меси е сигурен дека не погрешил.

Летово Меси без отштета ја напушти Барселона, клуб во кој ја мина целата фудбалска кариера, пред трансферот во ПСЖ.

Одигра пет меча и веќе го постигна и првиот гол за францускиот првак, на дуелот со Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Меси беше дел од Барселона 21 година, откако во 2000 година како 13-годишно момче пристигна на „Камп ноу“. Професионалната кариера во дресот на Барса ја почна во 2004 година и сè до ова лето и трансферот во ПСЖ играше само за еден клуб.

Комплетното интервју со Меси, „Франс фудбал“ ќе го објави задутре, на 9 октомври.

 

- Оглас -

Најнови вести