Меси е убеден дека би бил добар и во Стоук

Критичарите на Лионел Меси најмногу му замеруваат што целата кариера ја мина во ист клуб и не се докажал во некои послаби екипи и потешки лиги. Аргентинецот во Барса е од 2001 година и за клубот одигра 650 меча, на кои постигна 566 гола.

Одвреме-навреме се појавуваа приказни дека може да си оди, особено во летото 2016, кога Пеп Гвардиола сакал да го донесе во Манчестер сити, но не успеа да го убеди.

Омилено прашање на британскиот остров е дали Меси би бил успешен ако игра на студеното и дождливо време во Стоук?

За Англичаните, шпанската лига е полесна од Премиер и попријатна за играње, додека во Англија често има тешки и непријатни гостувања, меѓу кои и тоа во Стоук. Сега дојде редот и Меси да се изјасни на оваа тема.

„Дали би успеал во Стоук? Треба да видите на какви лоши терени сум играл во родното Росарио. А, и таму бев доста добар“, рече фалбаџијата Меси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести