Одлуката на Лионел Меси да се пресели во Интер Мајами и во МЛС-лигата се покажа како вистински потег и за фудбалерот, но и за неговиот тим и останатите екипи во САД.
Според медиумите, добивката која Меси им ја донесе на Американците се мери во стотици милиони долари. Досега е пресметано дека само од продажба на влезници се заработени околу 265 милиони долари.
Правата за пренесување на натпреварите на Меси и Интер Мајами ги има Епл ТВ, која откри дека по пристигнувањето на Аргентинецот добиле нови 300.000 претплатници, што во заработка изнесува околу 30 милиони долари.
Засега не е познато колкава е заработката од продажбата на дресови со неговото презиме, но медиумите немаат дилеми дека е соборен секој претходно поставен рекорд.