Меси е „златна копачка“ во историјата на осминафиналињата

Лионел Меси од Барселона е рекордер по број на постигнати голови во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите. Аргентинецот во својата кариера, во фазата од најсилното клупско натпреварување во Европа која почнува вечерва, има постигнато дури 24 голови, и го држи првото место на вечната листа.

Зад Меси се Кристијано Роналдо со 20, Томас Милер со 12, Роберт Левандовски со 9, итн.

Вкупно, Меси има 106 гола во елитното натпреварување, со што го држи второто место, зад Кристијано Роналдо кој има 122 (106 за Реал, 15 за Манчестер јунајтед и еден за Јувентус). Роналдо и Меси се и меѓу десетте играчи со најмногу настапи. Повеќе мечеви во ЛШ од Португалецот има само Икер Касилјас, а Меси е десетти и ако игра на двата дуели со Лион, ќе дојде на делба на осмата позиција.

- Оглас -

Најнови вести