Лионел Меси само еднаш ја допре топката во 16-никот на Еквадор, и тоа кога го шутна пеналот, но и тоа беше доволно да постигне гол за победа на репрезентацијата на Аргентина. Овој погодок е посебен за Меси не само затоа што им донесе три бода на Гаучосите туку и бидејќи ова беше илјадити погодок во неговата кариера во која директно учествува како стрелец или асистент.
Меси трипати во кариерата давал голови за победа на Аргентина од 1-0 во средби од квалификации за СП. Ова е графиконот на кој се обележани местата на кои Меси ја допре топката на мечот во Буенос Аирес.
Ова е 1.000-ти гол за Меси како стрелец или асистент. Тој има 705 голови и 295 асистенции во кариерата играјќи за Барселона и за националниот тим. Речиси 900 се во дресот на Барса, а 111 за репрезентацијата.