Меси ги ангажирал своите адвокати да го бранат Роналдињо, ќе плати и кауција

Најдобриот светски фудбалер за 2019 година Лионел Меси ангажирал четворица адвокати да го бранат неговиот поранешен идол и соиграч од Барселона, Роналдињо, кој е во парагвајски затвор, каде што лежи поради користење лажен пасош. Се спомнува дека Меси ќе ги плати долговите на Бразилецот и ќе им плати 4 милиони евра на адвокатите да платат кауција и да издејствуваат Роналдињо да излезе од затворот од каде што чека судење.

Меси памети дека кога почнуваше да игра за првиот тим на Барселона, имаше голема помош и поддршка од Роналдињо, па сака да му се оддолжи.

Во текот на денов ќе се разгледува барањето Роналдињо да биде пуштен во куќен притвор, а бидејќи е во странска земја, тоа би бил хотел во Асунсион. Обвинителството е против бидејќи стравува дека е можно бегство на фудбалерот и брат му. Ако побегнат во Бразил, враќање во Парагвај веќе ќе нема бидејќи Бразил не екстрадира свои државјани. Максималната казна која му се заканува е три години затвор.

- Оглас -

Најнови вести