Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси за време на престојот во родната Аргентина вредно работи на одржување на физичката форма, а додека не се врати во Барселона, на 2 јануари, си тренира во Росарио.
На социјалните мрежи се појави фотографија која предизвика многу реакции. Имено, Меси додека вежба, како мотивација гледа негови акции и голови. Си ги гледа и движењата, ги бара пропустите кои треба да ги попорави во иднина.
Фотографијата ја направила жена која работи во фитнес-центарот во Росарио каде што доаѓа Меси. Лео има минерална вода покрај него и ги гледа своите голови со стандардната прослава со прстите насочени кон небото. Тој погодоците ги посветува на неговата покојна баба Селија Оливеира Кучитини, која почина пред неколку години.