28.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Меси ги одбил ПСЖ и Барселона, сега треба да одбере меѓу Дејвид Бекам и клубот кој му нуди најголема плата

Лионел Меси на крајот од оваа сезона ќе биде слободен играч, доколку не го продолжи договорот со Пари Сен Жермен. Според актуелната ситуација, Аргентинецот одбил да продолжи соработка со Светците, што ги подгрева шпекулациите за тоа кој ќе биде следниот клуб на Меси.

Секогаш, како прва опција е негово враќање во Барселона, но според шпанските медиуми, сега и каталонскиот гигант е во втор, односно трет план. Пишувањата се дека Меси има две многу примамливи опции од кои треба да одбере. Првата е од Интер Мајами, клуб во кои газда е Дејвид Бекам и игра во МЛС. Во американската фудбалска лига, во изминативе неколку години веќе играа голем број на светски ѕвезди, но доколку успее да дојде Меси, тоа сигурно ќе биде „шлагот на тортата“.

Втората опција е Меси да се приклучи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија. Се шпекулира дека Ал-Хилал, клуб кој е ривал на Ал-Наср, може да го добие потписот на Лео. Неверојатна плата од 300 милиони евра би добивал Меси, ако прифати да заигра во Ал-Хилал. Кристијано Роналдо во Ал-Наср заработува 250 милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести