Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси сè уште не ја прифатил понудата да потпише нов договор со ПСЖ бидејќи сака да се врати во тимот во којшто помина 20 години.
Според весникот „Мундо депортиво“, Меси намерно ги одолговлекува преговорите со ПСЖ бидејќи ја чека понудата од Барселона.
Аргентинецот веќе одби неверојатна понуда со која ќе беше најплатен спортист во историјата, Ал-Хилал му понуди неверојатни 400 милиони долари по сезона, бидејќи прва опција му е враќање на „Камп ноу“.
Каталонските медиуми пишуваат дека Барселона исто така е заинтересирана да го врати Меси, но засега не може да испрати понуда бидејќи ќе ги прекрши правилата за финансиски ферплеј и наводно веќе преговара со спонзори кои треба да помогнат да се реализира трансферот.
Исто така, управата на Барселона не сака да ја повтори грешката од пред две години, а претседателот Лапорта планира пред да достави понуда до Меси, да добие гаранции од првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, дека нема да има проблеми со финансискиот ферплеј.