Лионел Меси гостуваше на телевизиско интервју и зборуваше за многу теми, поврзани и со фудбалот, но и со неговиот приватен живот. Аргентинецот е на залезот од кариерата, па нормално е да размислува што би правел и после активното играње фудбал.
Веќе е јасно дека Меси нема намера да биде тренер по завршувањето на кариерата, а според она што го најави, веројатно се гледа во улогата на Дејвид Бекам, кој беше најзаслужен за неговото доаѓање во Интер Мајами.
„Бог ми даде многу повеќе отколку што некогаш сум замислувал. Сè доаѓа во свое време. Кога изгледаше невозможно, трофеите дојдоа со Аргентина – она што најмногу го посакував. По Копа Америка си реков: ‘Е, веќе освоив нешто’, а потоа дојде Катар и гестот што го направив кон семејството на трибините беше: ‘Тоа е’. Благодарен сум и не размислувам за ништо повеќе. Искрено, не се гледам како тренер. Ми се допаѓа идејата да бидам менаџер, но ако морам да изберам, ја претпочитам улогата на сопственик. Да имам свој клуб и да го развивам, почнувајќи од дното, давајќи им можност на младите фудбалери и на други луѓе да се развиваат и да постигнат нешто важно. Тоа е она што ме привлекува најмногу.“ – рече Лионел Меси во телевизиско интервју.

