23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Меси ги прифати критиките на Куман и одигра речиси перфектен меч

Во првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите, Барселона ја испука и првата „петарда“ откако без многу проблеми со 5:1 го победија Ференцварош. Лионел Меси капитенски го предводеше тимот, постигнувајќи го погодокот за 1:0, а потоа ја држеше контролата на играта.

Непосредно пред мечот, тренерот на Барселона, Роналд Куман, јавно го критикуваше Меси и рече дека Аргентинецот може да одигра и многу подобро од тоа што го одигра на гостувањето кај Хетафе, кога каталонскиот гигант загуби во меч од Примера дивисион.

Меси против Ференцварош беше одличен. Ги одигра сите 90 минути и имаше 89 допири со топката. Упати вкупно седум шута, од кои четири беа во рамките на голот на гостите, а еднаш ја затресе и мрежата на гостите. Имаше и една асистенција, а успеа да се избори и за пенал, кој тој самиот го реализираше.

Според оценката на Софа поени, Меси има одиграно за оценка 9,3.

- Оглас -

Најнови вести