Меси ги разочара навивачите на Барселона: „Интер Мајами е мојот последен клуб во кариерата“

Навивачите на Барселона не можат да го заборават, ниту да го преболат заминувањето на Лионел Меси пред години. Аргентинецот поради лошата финансиска состојба во клубот, пред две години си замина во ПСЖ, а потоа минатото лето направи трансфер во МЛС-лигата, во екипата на Интер Мајами.

Голем број навивачи на Барселона посакуваат и се надеваат дека тој еден ден ќе се врати на „Камп ноу“ и ќе ја заврши кариерата во дресот на гордоста на Каталонија, но Аргентинецот во интервјуа за ЕСПН се чини дека ги разочара.

На прашањето дали Интер Мајами е неговиот последен клуб во кариерата, Меси одговори: „Да, мислам дека да. Во овој момент мислам дека Интер Мајами е последниот клуб во мојата кариера“.

Лионел Меси за Интер Мајами одигра 29 натпревари, на кои постигна 25 гола и запиша 16 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести